Последни вести
ПРОГЛАСЕНИ НАЈУСПШНИТЕ СПОРТИСТИ НА КОЧАНИ ЗА 2024 ГОДИНА
Во салата за состаноци на Локалната самоуправа Кочани во средата се одржа состанок на кој беа прогласени најуспешните спортисти на Кочани за 2024 година. Изборот го извршија не како што дваесетина години се најавува Асоцијацијата на новинари на Кочани која никогаш и не постоела туку секогаш во гласањето учествувал по еден претставник од секој медиум…
ГРАЃАНИТЕ РЕАГИРААТ ЗА НЕНАВРЕМЕНО ЧИСТЕЊЕ НА УЛИЦИТЕ И СОБИРАЊЕ НА СМЕТОТ
До електронскиот портал „комарец“ во писмена форма и со фотографии пристигна нова реакција од граѓаните на Кочани. Овој пат нивната реакција се однесува за улиците „Борис Трајковски“ и „Гоце Делчев“. Во реакцијата стои: „Ѓубрето на улиците „Гоце Делчев“ и „Борис Трајковски“ не е соберено повеќе од три седмици. Улиците не се изметени од Нова година…
ЖЕНА ОД КОЧАНИ ПРИЈАВИЛА ДЕКА БИЛА НАПАДНАТА ВО НЕЈЗИНИОТ ДОМ ОД ДРУГА ЖЕНА
На 23.01.2025 во 09.30 часот во ПС Кочани Б.А. (57) од Кочани пријавила дека на 21.01.2025 во 02.30 часот, додека била во нејзината семејна куќа заедно со нејзините внуци, дошла Д.С.И. и физички ја нападнала, а исто така употребила и метален предмет. Според пријавеното, Д.С.И. кршела и инвентар од куќата. Се преземаат мерки за расчистување…
ПЛАНИРАНИ ПРРЕКИНИ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЗА 24.01.2025 ГОДИНА (ПЕТОК)
За Петок (24.01.2025 година) во Општина Кочани прекини во снабдувањето со електрична енергија во периодот од: 09:30 – 11:30 часот: Улица „Маршал Тито“, Халк Банка. 09:30 – 13:00 часот: Селата: Полаки, Вранинци, Крушка, Небојани, Костин Дол. КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ
IN MEMORIJAM
Денес е голема загубата за сите чесни сопартијци, денес почина Анче Трифунов, наш долгогодишен член и активист, бивш Претседател на Совет на Општина Кочани и Државен секретар во Министерство за економија. Анче Трифунов е роден на 10.01.1971 година, дипломиран машински инжинер кој работните обврски ги извршуваше во ЈПССДП, каде своевремено беше и раководител на истоимената…
„КОМАРЕЦ“ ГИ ДОДЕЛИ ПРИЗНАНИЈАТА ЗА НАЈУСПЕШЕН МЛАД СПОРТИСТ ВО КОЧАНИ ЗА 2024 ГОДИНА
Втора година по ред електронскиот портал „комарец“ ги додели признанијата за најуспешен млад спортист во Кочани за 2024 година во машка и женска конкуренција. Признанијата се доделуваат на млади спортисти до 15 годишна возраст од клубовите кои континуирано преку целата година ни доставуваат информации за нивните настапи на страна и натпреварите кои ние ги посетуваме…
ВО БИБЛИОТЕКА „ИСКРА“ – КОЧАНИ РЕАЛИЗИРАНИ ДВЕ ПРОМОТИВНИ СОДРЖИНИ ОД ИП НА ДРЖАВНИОТ АРХИВ
Денес во ЈОУ Библиотека “Искра” во соработка со Државен архив на РС Македонија беа реализирани две промотивни содржини од издавачката продукција на Државен архив. Пред многубројната публика беше промовирано делото “Писма од Љубомир Милетич до Афанасиј Селишчев (историја на една мистификација)” од авторите д-р Бранислав Светозаревиќ и Драган Јаќоски, во кое е содржан богат архивски…
ВО НЕДЕЛА, ИЗБОРНО ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ НА ОФС КОЧАНИ
Управниот Одбор на ОФС (Општинскиот Фудбалски Сојуз) Кочани на својата редовна седница одржана на ден 26.12.2024 година донесе Одлука за свикување на Изборно Генерално Собрание на ОФС Кочани. Изборното Генерално Собрание ќе се одржи на ден 26.01.2025 година (Недела) со почеток во 14:00 часот во салата за состаноци во Хотел „Амор“ – Кочани. По изборот…
СООПШТЕНИЕ ОД КЈП „ВОДОВОД“ – КОЧАНИ
КЈП Водовод Кочани започна со акција за чистење на диви, мини депонии на територијата на градот. Оваа акција ќе се одвива во континуитет и во истата е вклучена неопходната механизација и човечки потенцијал кој ни е располагање. Акцијата е започната од најфреквентните локации, со особен акцент на ударните места како што е градскиот пазар. Во…
РЕАКЦИЈА НА ГРАЃАНИТЕ ОД ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ
До порталот „комарец“ во текот на денешниот ден пристигнаа повеќе фотографии и реакција на наши сограѓани од Централното градско подрачје, а причината е ненавременото собирање на сметот. Дописот го објавуваме во целост. „Почитувани, ние граѓаните кои живееме во централното градско подрачје последните денови сме сведоци како вработените во комуналното претпријатие задолжени за собирање на ѓубрето…