Последни вести

ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБА НА ДИМИТАР ЛАЗОВ ЛАВ

Вечерва во Салон „Фоаје 1“ во НУ ЦК „Бели Мугри“ во Кочани беше отворела изложба на Димитар Лазаров Лав. Поставени се 21 слика акрил на платно, мртва природа и пејзаж  кои се дел од 40 годишното ликовно творештво на авторот. Посетителите со интерес ги анализираа направените слики кои можеби во овие топли времиња претставуваат мало…

ПОЧНУВА СО РАБОТА ГРАДСКИОТ БАЗЕН ВО КОЧАНИ

Од сабота, 8 јули, почнува со работа Градскиот базен во Кочани. Извршени се контролите и последните подготовки на овој објект наменет за капење и летна разонода. Според одговорните служби, покрај големиот базен, за употреба се подготвени и двата мали детски базена. Веќе се најавени и активности на три пливачки школи од Кочани. Градскиот базен ќе…

ИНСТИТУЦИИТЕ МОЛЧАТ, ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА МИНИ ХИДРОЦЕНТРАЛАТА

Додека локалните институции и екологистите молчат, деновиве започна изградбата на мини хидроцентралата на Мала река. Прекрасната природа околу „местото на злосторството“ веќе е уништена, ја нема повеќе онаа убавина каде старите кочанчани одеа на излети и на мајските прослави. Се е уништено, а машините работат ли, работат. Иако сите на социјалните мрежи беа храбри и…

ВО СТАН ВО КОЧАНИ ПРОНАЈДЕНО ПОЧИНАТО ЛИЦЕ

На 05.07.2023 година околу 18.45 часот во Полициска станица Кочани било пријавено дека во стан во Кочани, бил пронајден починат Д.З.(32) од Кочани, кој бил потстанар. Од страна на лекар била констатирана смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Соопштение од СВР Штип…

ПСК „ОСОГОВО“ КАКО ДЕЛ ОД МИСИЈАТА „АЛПИ 2023“

Изминатата недела ПСК „Осогово“ со двајца свои планинари учествуваше во мисијата  „Алпи 2023“ организирана од Х2О од Скопје на која беа искачени врвовите: Гран Парадисо 4061 во Италија, Зумстеиншпиц 4563 Швајцарија, Мангарт 2679 мнв Словенија. Оваа високогорска акција е една од потешките акции за ПСК „Осогово“, акција на која е поминато неколку опасни глечери, искачувања…

ПЕТРОВДЕНСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ, НАТПРЕВАРИТЕ ПО ГРУПИ ЗАВРШИЈА, НА РЕД СЕ 1/4 ФИНАЛНИТЕ

Во текот на вчерашниот ден натпреварите по групи завршија, на ред е одигрувањето на 1/4 финалните натпревари на годинешниот Петровденски турнир во мал фудбал. Инаку денес е слободен ден а веќе во Петок и Сабота гледачите ќе можат да ги следат четирите 1/4 финални натпревари. Петок: 19:00 часот          „Амфенол“ – „Аледар“ 20:00 часот          „Ауто Велт“…

ОО СДСМ – КОЧАНИ: АПЕТИТИТЕ НА ДПНЕ ВРТОГЛАВО ГО ДВИЖАТ КОЧАНИ КОН ДНОТО!

Почитувани, Барањата на ДПНЕ за покачување на цените за водоснабдувањето и канализацијата не престануваат, а причините за тоа не се наведуваат. И покрај одбиената согласност од Советот, и покрај реакциите на кочанчани, ДПНЕ не отстапува од својата незаситеност и зголемувањето на трошоците на граѓаните. Господа ДПНЕ до кога вашите партиски вработувања ќе ги крепите на…

ПЕТРОВДЕНСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ, ОД ПЛАНИРАНИТЕ ТРИ, ОДИГРАНИ ДВА НАТПРЕВАРА

Продолжија возбудувањата на годинешниот Петровденски турнир во мал фудбал. Денес на програмата беа три, но за жал гледачите видоа само два натпревари. Екипата на „Еуро петрол“ не се појави на теренот иако нивните противници „Ефремови“ допатуваа од Штип. Некоректно и кон противниците и кон гледачите а најмногу кон организаторите на турнирот. Сепак два натпревари им…

КОНЦЕРТ НА МУЗИЧКОТО ТРИО „MUSICA VIVA“

Вечерва во „Фоаје“ при НУ Центар за култура – Кочани, музичкото трио „Musica viva“ одржа концерт насловен како „Музички бисери во класичната музика“. М-р Марија Илиева, Ангелина Павлова и Стојан Наумовски со својата изведба им подарија на присутните една незаборавна вечер. Инаку ова е првиот културен настан во месец Јули  кој го организира НУ Центар…

НАМЕСТО ПОЧЕТОК НА ПОДГОТОВКИТЕ, ДЕНЕС НА СТАДИОНОТ „НИКОЛА МАНТОВ“ БЕШЕ ТИВКО

Ништо од најавите дека денес Среда (среќно) ќе биде прозивката и дека и официјално ќе започнат подготовките на „Осогово“ за настапот во втората Фудбалска Лига. Наместо играчи, тренери, управа, медиуми и по некој загржен навивач на кочанскиот второлигаш, празен терен празни трибини. Единствено нешто што денес можеше да се слушне на стадионот „Никола Мантов“ беа…