Последни вести

КОНЦЕРТ НА МУЗИЧКОТО ТРИО „MUSICA VIVA“

Вечерва во „Фоаје“ при НУ Центар за култура – Кочани, музичкото трио „Musica viva“ одржа концерт насловен како „Музички бисери во класичната музика“. М-р Марија Илиева, Ангелина Павлова и Стојан Наумовски со својата изведба им подарија на присутните една незаборавна вечер. Инаку ова е првиот културен настан во месец Јули  кој го организира НУ Центар…

НАМЕСТО ПОЧЕТОК НА ПОДГОТОВКИТЕ, ДЕНЕС НА СТАДИОНОТ „НИКОЛА МАНТОВ“ БЕШЕ ТИВКО

Ништо од најавите дека денес Среда (среќно) ќе биде прозивката и дека и официјално ќе започнат подготовките на „Осогово“ за настапот во втората Фудбалска Лига. Наместо играчи, тренери, управа, медиуми и по некој загржен навивач на кочанскиот второлигаш, празен терен празни трибини. Единствено нешто што денес можеше да се слушне на стадионот „Никола Мантов“ беа…

ЗАМЕНА НА ОШТЕТЕНИТЕ ПЛОЧКИ ВО ГТЦ „БЛОК А“ И „БЛОК Б“

Ч Од денеска започнаа работните активности во Трговскиот центар „Блок А“ и „Блок Б“ каде што се работи на замена на старите, дотраени и оштетени мермерни плочки на надворешните скали, партерот и одводните канали. Изведувач на работите е фирмата „Исток-Мермер Дооел“, Долни Подлог. Вкупната вредност на проектот изнесува 268.025,00 денари. Општина  Кочани КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА …

СЕ РЕНОВИРААТ САНИТАРНИТЕ ЈАЗЛИ ВО ОУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

ОУ ,,Св.Кирил и Методиј“ Кочани во соработка со Општина Кочани и Министерство за образование и наука започна проект за целосна санација и реконструкција на санитарните јазли во училиштето. Со овој проект е предвидено целосно реновирање на санитарните јазли на приземјето и на меѓукатот во училиштето, со отстранување на 274,22 м2 стари керамички плочки и поставување нови,…

ВО ТЕК СЕ САНАЦИИ НА ДЕТСКИ И ПОВЕЌЕНАМЕНСКИ ИГРАЛИШТА ВО КОЧАНИ

Во тек се поправки и санации на повеќенаменските и детските игралишта во Кочани. Во повеќенаменското игралиште во населбата Усова Чешма на ул. „Македонска“ поправени се оштетените заштитни мрежи, влезни врати на игралиштето и спортските реквизити, а направена е и санација на оштетените мрежи на стативите. Во периодот кој следува ќе бидат санирани повеќе детски и…

ПРОГРАМА НА НУЦК „БЕЛИ МУГРИ“ КОЧАНИ ВО МЕСЕЦ ЈУЛИ 2023 ГОДИНА

05 Јули 2023 година- 20 часот Концерт на MUSICA VIVA Музички бисери во класичната музика- Проект кој е дел од годишната програма на НУЦК”Бели мугри”- Кочани  со целосна финансиска поддрпка од Министерство за култура на РСМ   07 Јули 2023 година- 19 и 30 часот Изложба на ДИМИТАР ЛАЗОВ ЛАВ (во склоп на проектот ПРЕВЗЕМАЊЕ…

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: ПАТНИЧКО ВОЗИЛО УДРИЛО ВО ПЕШАК

На 04.07.2023 во 09.36 часот било пријавено дека во Кочани на ул.„Маршал Тито“, патничко возило „мерцедес“ со бугарски национални ознаки, управувано од Ж.А.(76) од с.Соколарци, удрило во пешакот К.Ј.(54) од с.Кучичино. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.Ј., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани….

ПИСМО ОД ЧИТАТЕЛ: КЈП „ВОДОВОД“ ЗАД СЕБЕ ОСТАВА ХАОС ОТКАКО ДЕЛУМНО ЌЕ ЈА ЗАВРШАТ РАБОТАТА

Пред малку револтиран граѓанин од она што се случува во населбата Недопирливи на улицата Иван Иванов Балаш по делумно завршување на работатат од страна на вработени во КЈП „Водовод“ и оставње на вистински хаос откако ќе заминат, ни испрати неков допис со молба во целост истиот да го објавиме. Во прилог и околу дваесетина фотографии….

ВЕЧЕРВА ОДИГРАНИ ЧЕТИРИ НАТПРЕВАРИ ОД ПЕТРОВДЕНСКИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ

Она што никогаш досега се немаше случено на овој веќе традиционален турнир, се случи вчера,  организаторот на барање на некои екипи ги одложи двата натпревара од Петровденскиот турнир во мал фудбал, па вечерва мораше по брза постапка да го тоа надомести и наместо два гледачите вечерва присуствуваа на четири натпревари. Од спортски аспект гледано, вечерва…

ДАРИЈАН ПАВЛЕВ ЌЕ УЧЕСТВУВА НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО БОРЕЊЕ У-15 ЗА МОМЧИЊА И ДЕВОЈЧИЊА

Даријан Павлев, моментно еден од најталентираните борачи на „Спартак“ од Кочани, вечерва како член на Македонската репрезентација во борење заминува за Капошбар (Унгарија) каде од 06-09 Јули ќе се одржи Европското првенство во борење У-15 за момчиња и девојчиња. Тренерот на репрезентацијата Мијалче Ангелов ќе се обиде со екипата која брои две девојчиња и осум…