Последни вести
ЧЕСТИТ 11 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ!
Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов упати честитка по повод Денот на македонското востание – 11 Октомври. „11 Октомври е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ. Слободарското движење ја стави Македонија на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија во современата историја. Со својата вооружена борба против…
СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ СО ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ГЕРМАНСКИОТ ГРАД КАСТРОП РАУКСЕЛ
Деновиве, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов ја прими делегацијата од германскиот град Кастроп Рауксел, со кој Општина Кочани заеднички подготвува проект за ревитализација на речното корито на дел од Кочанска Река. Исто така, двата тима работат и на проект за подготовка на Мастер-план за економски развој на Кочани со искористување на геотермалниот потенцијал. КОМЕНТАРИТЕ …
СЕ ОБНОВУВА ОШТЕТЕНАТА ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА НА ПОНИКВА
Подобрена е состојбата на патот на локалитетот Пониква што го поврзува паркингот пред одморалиштето на МВР и манастирот „Св. Василиј Велики“. Според договорот што Општина Кочани го има со економскиот оператор „Коле транс“ од Штип, деновиве се закрпени дупките на патот што води кон општинскиот објект „Инфо-центар“ и неколку угостителски и хотелски капацитети на Пониква….
ПРЕКУ ПАМЕТНО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО КОЧАНИ ДО ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА И ПОБЕЗБЕДНИ УЛИЦИ ЗА ГРАЃАНИТЕ
Општина Кочани воспостави модерен паметен систем за управување со јавното осветлување кој придонесува за значителни заштеди на електрична енергија и побезбедни јавни простори за граѓаните. Станува збор за прв ваков систем во државата, составен од лед светилки и сензори кои овозможуваат прилагодување на интензитетот на светлина во зависност од временските услови и движењето на возилата…
СОУ „ГОШО ВИКЕНТИЕВ“ – КОЧАНИ: ЈАВЕН ПОВИК
Врз основа на точките I, II, IV и VI од Одлуката за начинот на користење и управување на салите во општинските основни и средни училишта: ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани, ООУ „Никола Карев“ – Кочани, ООУ „Крсте Петков Мисирков“ -Оризари, Кочани, ООУ „Малина Попиванова“ – Кочани, СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани донесена од…
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРОМЕНА НА ТАРИФНИК ЗА ПАРКИНГ УСЛУГИ
Согласно одлуката на Советот на Општина Кочани, КЈП “Водовод” Кочани изврши промена на тарифникот за паркинг услуги на територија на Општина Кочани со воведување на нови категории на возила и начинот на плаќање преку смс услугата и со фискален апарат ВРЕМЕ Летно сметање на времето (8-24 часот) Зимско сметање на времето (9-22 часот) Недела и…
ВО ЧЕТВРТОК ПРОМОЦИЈА НА СЛИКОВНИЦАТА „НЕПОСЛУШНАТА СВИЛЕНКА“ ОД АВТОРОТ АНА ДЕДОВА
По повод неделата на детето, ЈОУ Библиотеката “Искра” Кочани, организира промоција на сликовница НЕПОСЛУШНАТА СВИЛЕНКА од роднокрајната авторка, Ана Дедова. Промоцијата ќе се одржи на 10.10.2024 (четврток) во 11:00 ч. во МКЦ, (Мултикултурен центар) приземје. (голема сала) Промотор: м-р. Доне Донев Модератор: Ивана Николова Јован Цветанов, учесник Во склоп на промоцијата, ќе има музички точки…
СООПШТЕНИЕ ОД КПС „ОСОГОВОСКИ ОРЕЛ“ – ОРГАНИЗИРАЊЕ НА „ГРАТЧЕ ТРАИЛ“
Почитувани спортски другари . Нашето друштво КПС „Осоговски Орел“ Ве известува со големо задоволство дека оваа година на 27.10.2024 год. ќе ја продолжи традицијата со организација на „Гратче Траил“. Во соработка и предлози од повеке спортски колеги нашето друштво изработи 2 патеки за да ги задоволи желбите на сите учесници.. Патеките поминуваат низ разновиден планински…
ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, „СЛОГА 1934“ – ЧЕТИРИ ОД ЧЕТИРИ
Она што познавачите на фудбалот во источниот дел од земјата го најавуваа пред почетокот на новото првенство во Трета Фудбалска Лига – Исток, почна да излегува на виделина За повеќето од нив како главен кандидат за освојувањето на првото место се спомнуваше екипата на „Слога 1934“ од Виница, а по досега одиграните четири кола тоа…
ОДРЖАН ТРЕТ ТРАНСНАЦИОНАЛЕН СОСТАНОК ВО БУКУРЕШТ КАКО ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ „ЗАД УРБАНОТО“
Во рамки на проектот „Зад урбаното” финансиран од URBACT IV програмата, на 2ри и 3ти октомври се одржа третиот транснационален состанок во Букурешт (Романија), каде што беа презентирани добри практики на тема мобилност и беа дискутирани следните чекори во рамки на проектот. На состанокот присуствуваа и претставници од Општина Кочани и Советот на Општина Кочани….