По повод Денот на ослободувањето на Кочани, 7 Септември и Денот на независноста на Македонија, 8 Септември, на Споменикот на слободата во Кочани концерт одржа македонската поп-ѕвезда Владо Јаневски.

Многубројната публика имаше можност да ја проследи и да ужива во музиката и во лириката од богатиот опус на Јаневски.

Во тридецениската музичка кариера Владо Јаневски како кантавтор создаде повеќе евергини коишто поврзуваат многу генерации, што се потврди и на концертот во Кочани.

Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
