ВНИМАНИЕ СО ПАЛЕЊЕТО ОГНОВИ

јули 13, 2023
0 min read

Поради високите температури кои ќе ги има и во наредниот период  од Територијалната Противпожарна служба – Кочани, апелираат:

„Апелираме до сите граѓани да се стрпат со палењето на огнови. Ова посебно се однесува во шумските предели, излетничките места и полињата. Се најавува дека овој топлотен бран ќе потрае подолг период па пожелно би било да внимаваме со огновите. Во сеќавање ни е, како едно невнимание пред неколку години предизвика  огромен пожар на периферијата на градот кој со големи напори беше изгаснат. Се надевам дека сите жители со едно совесно однесување нема да дозволат повторување на грешките од минатото“ беше изјавата на Командирот на тППЕ – Кочани Драган Апостолов.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ