Во организација на Клубот за планинарски спортови „Москито“, на 11 мај, во 18:30 ч., во малата сала на Мултикултурниот центар во Кочани, ќе биде промовирана книгата „Планинарско-скијачко друштво Пониква“, од авторите Киро Герасимов и Љубинка Ајтовска.
Делото е составено од четири целини кои говорат за природно-географските карактеристики на Осоговските Планини; патеките и трасверзалите низ Осоговијата; туристичките потенцијали, а содржи и сеќавања на планинари, членови на ПСД „Пониква“ – Кочани.
Издавач на изданието „Планинарско-скијачко друштво Пониква“ е печатницата „Европа 92“, промотор ќе биде Сашко Стефановски, а модератор на настанот – Магдалена Кочовска-Салтирова.
Книгата што ја започна новинарот и публицист Киро Герасимов, а ја дооформи Љубинка Ајтовска, се промовира во пресрет на годишнината од неговата смрт.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ