ВО ЈОУ БИБЛИОТЕКА „ИСКРА“ ОД КОЧАНИ ОДБЕЛЕЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

ноември 30, 2023
1 min read

Во пресрет на 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, ЈОУ Библиотека „Искра“ го одбележа со промоција на две книги за деца со реализација на интерактивни-инклузивни работилници.

Првата книга со наслов Приказна за две деца-Посебностите се ретки, чувајте ги и учете од нив од авторката Наташа Брезовска-Богоевска, инспирирана и поврзана токму со деца-ученици со атипичен развој, дава осврт, поука и насоки кон инклузија, прифаќање и другарување меѓу сите деца, без разлика на посебностите.

Втората книга од авторката Сања Стојанова со наслов Кошница со овошје, дава осврт и поука кон здравиот начин на живот на најмладата популација.

За двата наслови беа реализирани засебно две интерактивни-инклузивни работилници со ученици од ООУ „Раде Кратовче“ и ООУ „Св.Кирил и Методиј“, на кои координатори на истите беа самите авторки. Учениците читаа, се дружеа, соработуваа и инспирирани од книгите цртаа.

Двата наслови се достапни и во аудио издание за потребите на лицата со оштетен вид, слепи и слабовидни.

Со реализацијата на вакви активности, ЈОУБ „Искра“ дава свој придонес и акцент кон прифаќањето на сите околу нас, без разлика на нашите различности, бидејќи сите имаме еднакви права. На ваков начин придонесуваме кон намалувањето на стигмите кон лицата со попреченост, менување на стереотипното однесување, и подигнување на свеста за интелектуалната попреченост.

Голема благодарност за учеството на двете авторки, Наташа Богоевска-Брезовска и Сања Стојанова.Исто така, упатуваме голема благодарност до учениците на ООУ „Раде Кратовче„ и ООУ „Св.Кирил и Методиј“, наставничките, нивните директори и вработените од стручните служби во училиштето.

ЈОУБ „Искра“ – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ