ВО НЕДЕЛА СТАРТУВААТ НАТПРЕВАРИТЕ ВО ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК

Во Спорт
септември 9, 2022
1 минути

По една седмица одложување во Недела со почеток во 16:00 часот започнуваат натпреварите од годинешното првенство во Трета Фудбалска Лига – Исток.

Според составот на лигата и имињата на 12 екипи за очекување се интересни средби кои секако дека ќе го свртат вниманието на љубителите на фудбалот од истокот.

Во првото коло „Осогово“ кое по неколку сезони минати во второлигашкото друштво им се врати на натпреварите во третата лига ќе и биде домаќин на екипата на „Победа“ од Валандово, Академија „Чешиново-Облешево“ ја пречекува „Брегалница од делчево.

Двојки од првото коло:

„Осогово“ – „Победа“ (В)

Ак. „Чешиново-Облешево“ – „Брегалница“ (Д)

„Овче Поле“ – „Спартмани“

„Рудар“ – „Дојранско езеро“

„Карбинци“ – „Малеш“

„Вардарски“ (Б) – “Тиверија“

С. Ивановски