ВО ООУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБА „СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ НА ЛИНИЈАТА НА ФРОНТОТ“

октомври 25, 2024
0 минути

По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба’ во текот на вчерашниот ден во холот на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ беше отворена изложбата насловена како „Секојдневниот живот на линијата на фронтот“.

Паралелно со отворањето на изложбата се одржа и предавање во кое учествуваа учениците од деветто одделение на тема „100 години на македонскиот фронт“.

Учениците во своето излагање опфатија повеќе теми како што се Мобилизација, Ровови, Војски во движење, На линијата на фронтот, Децата во војната, Секојдневен живот, Страдања, Сеќавања, се со цел да се памети или како што посочија од Училишниот новинарски клуб „Ком Ко“, да не се заборави.

Изложбата е преполна со фотографии кои јасно го отсликуваат она за што учениците од деветто одделение имаа во своето обраќање.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ