ВО ПРЕСРЕТ НА 60. ИЗДАНИЕ НА ДАФ (ДРАМСКИ АМАТЕРСКИ ФЕСТИВАЛ)

мај 15, 2023
1 минути

Од 22-27 Мај годинава Кочани ќе биде домаќин на 60. издание на ДАФ (Драмски Аматерски Фестивал).  За 60-тото издание беа пријавени 16 театарски претстави како од Македонија, така и од Србија, Хрватска и Турција а годинешниот селектор на фестивалот Игор Џамбазов  ги одбра десетте кои ќе бидат во натпреварувачкиот дел и две во ревијалниот.

Во натпреварувачкиот дел ќе се најдат претставите:

– „Ноќ во музејот“ („Иван Мазов Климе“ – Кавадарци)

– „Тунел“ (Театарска група „ГОДО –Тунел“ – Кочани)

– „Драги уметници“ (Театар „Чекори“ – Скопје)

– „Умрежени“ (КУД „Бранко Радичевиќ“ – Вуковар – Хрватска)

– „Тенџеросаурус“ („Тинтири минтери“ – Скопје)

– „Чудата во Алиса“ (Театар „Пи) – Скопје)

– „Сомнително лице“ („Хранислав Драгутиновиќ“ – Пеокупље – Србија)

– „Црвенкапа“ („Летачка театарска трупа“ – Тетово)

– „Просидба и медвед“ – („Студентски културен центар – Ниш – Србија)

– „Знаци покрај патот“ (Бранислав Нушиќ – Шид – Србија)

Претстави што ќе бидат вон конкуренција:

– „Дневникот на лудиот“ (Турција)

– „Синиот портокал“ („Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес)

По завршување на фестивалот и годинава ќе бидат доделени награди за најдобра главна машка и женаска улога, најдобра епизодна машка и женска улога, најдобра режија, најдобра претстава за истражување нови сценски изразни средства и експеримент во аматерскиот театар како специјалната награда „Васил Ќортошев“ која ќе биде доделена за најдобрата претстава.

Фестивалот е подржан од Министерството за култура на Македонија, од Општина Кочани како и од безнис секторот од општината и пошироко.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ