Екипите од Втора Фудбалска Лига утре (Сабота) ги играат натпреварите од 11-тото редовно коло.
„Осогово“ патува во Куманово каде ќе и гостува на екипата на „Башкими“ екипа која е на делба на второто место на табелата со бод заостанување зад првопласираната „Брегалница“. Кочанчани ќе бидат осетно ослабени со неиграњето на „моторот“ на екипата Стојче Стојов. Сепак фудбалот е игра каде нема однапред победници, има само фаворити и ништо повеќе.
Дербито на колото се игра во Горече Петров каде домашната екипа на „Македонија“ го пречекува лидерот на табелата „Брегалница“.
Двојки за 11-тото коло:
Башкими – Осогово
Борец – Вардар (Н)
Македонија ГП – Брегалница
Аресими – Детонит Плачковица
Беласица – Кожуф
Охрид – Скопје
Победа – Вардарски
Новаци – Каменица Саса
Натпреварите започнуваат во 13:00 часот.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ