Во тек е расчистување на диви депонии во источниот регион, прва фаза од воспоставувањето на регионална депонија во Источниот и Североисточниот Регион.
Меѓу останатите локации, деновиве беше отстранет и отпадот кај Фабриката за вода и на просторот кај подрачното училиште „Св. Кирил и Методиј“ со фудбалското игралиште во Горни Подлог.
Се работи на сечење гранки и диво израснато зеленило и уредување на просторот со механизација.
Општина Кочани ги повикува граѓаните да не го фрлаат отпадот на несоодветни места и да не ги полнат со нов отпад исчистените локации.
Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ