ВОЗАЧИТЕ БАРААТ ЕДНАКВА ПРИМЕНА НА СООБРАЌАЈНИТЕ ЗАКОНИ ЗА СИТЕ

ноември 9, 2021
0 минути

Утринава пристигна писмо од како што е наведено повеќе возачи од Кочани. Имено како што пишуваат тие бараат органите на власта да го нормализираат сообраќајниот хаос во градот пред се да има санкции кон сопствениците на нерегистрираните возила како и на учесниците во сообраќајот кои не поседуваат возачка дозвола Писмото го објавуваме во целост:

„Сведоци сме на се поголемиот број нерегистрирани возила низ улиците на градот како и управување на возила на лица без возачка дозвола. Ако важат законите за едните треба да важат и за другите. Додека некои посетуваат часови за возење, си ги плаќаат трошоците за возачки испи и си ги регистрираат возилата друга една група ни имаат дозволи ни сакаат да полагат возачки испит а за регистрација на возилата ни не помислуваат.  Минатите години кога се случуваа сообраќајни незгоди честиот изговор е дека возачите биле малолетници и не ги фаќал законот и нема кој да ти ја плати штетата. Ако едните се заштитени треба и другите да бидат заштитени, ако едните возат нерегистрирани возила треба и другите да возат такви. Шалата на страна, ги молиме надлежните веднаш да се зафатат за работа и да го решат овој пробчем кој секоја година е поголем. Фала ви на просторот и се надеваме дека писмото ќе биде објавено. Група возачи од Кочани“

С. Ивановски