Време е за акција – чистење на речното корито на излезот од градот, поточно од „Железнички мост“ кон излезот од градот.
По обилните врнежи од дожд речното корито на „Кочанска река“ од „Железнички мост“ па надолу изгледа застрашувачки. Тревата е доста висока, реката не е исчистена а наидуваат толи денови кои ќе бидат убава подлога на овој потег да почнат да се движат змии и други влечуги.
Поучени од минатите години кога овој потег на реката многу лошо се одржуваше, жителите од овој дел од градот имаа сериозни проблеми бидејќи во нивните дворови па и семејни домови честопати имаа непоканети гости а тоа се змиите и смоците.
Е за да не биде и оваа година иста, за да жителите не стравуваат посебно за нивните најмлади кои си играат покрај ќејот или во дворовите време е за акција.
Што побргу се исчисти комплетно реката тоа подобро ќе биде за сите, и за оние што живеат во непосредна близина, и за дел од населението што се релаксира на овој потег а и на посетителите на спортските терени.
Време е за акција со надеж дека бргу истата ќе биде спроведена.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ