ВРШЕЛ ПРЕВОЗ НА ПЕСОК БЕЗ ДА ПОСЕДУВА ЛИЦЕНЦА ЗА ЈАВЕН ПРЕВОЗ

ноември 30, 2022
0 минути

Денеска (30.11.2022) во 09.00 часот на ул.„Никола Карев“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани извршиле контрола во товарно возило „ман“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на А.Ј.(35) од Штип, а управувано од Д.Ј.(69) од Штип. При контролата било констатирано дека со возилото се врши

превоз на песок за извршување на градежни активности за потребите на Општина Кочани без поседување лиценца за јавен превоз.

По целосно документирање на случајот, во консултација со Јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗВОР: Дневни билтени на МВР