Продолжуваат возбудувањата во втора Фудбалска Лига. Се играат натпреварите од 7-то коло а „Осогово“ осоколено по победата и играта од минатото коло гостува на жешкиот терен во Новаци.
Добро е што играчите на „Осогово“ по победата над „Беласица“ сега повеќе веруваат во своите квалитети и без „бело знаме“ ќе излезат на мегдан во Новаци. Но бидејќи секој натпревар е различен „жетварите“ треба да бидат внимателни, да не ги понесе еуфоријата туку со ладни глави но и верба во своите квалитети да се спротивстават на противник кој во првите шест кола собра 10 бодови.
Добар резултат на кој се надеваат навивачите на „Осогово“ би преставувал и покана за голема посета веќе на следниот натпревар кога се игра регионалното дерби во кое кочанчани ќе и бидат домаќини на „Каменица Саса“.
Двојки од 7-то коло:
„Новаци“ – „Осогово“
„Беласица“ – „Охрид“
„Каменица Саса“ – „Победа“
„Детонит Плачковица“ – „Башкими“
„Кожуф“ – „Тетекс“
„Караорман“ – „Беса“
„Вардар“ (Н) – „Пелистер“
„Скопје“ – „Аресими“
Сите натпревари започнуваат во 14?00 часот
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ