По една седмица пауза поради обврските на Македонската Фудбалска Репрезентација веќе во сабота продолжуваат натпреварите од Втората Фудбалска Лига.
На програмата е 13-тото коло во кое „Осогово“ гостува во Скопје кај истоимениот клуб. Последен пат овие две екипи се имаат сретнато во сезоната 2011/2012 година во борбата за второлигашки бодови. Во Кочани и во Скопје во таа сезона победа забележале домаќините. Сега е ново време, нови играчи но иста желба да се победи противникот. Кочанчани оваа сезона досега одиграа во стилот ладно-топло. Во кочанскиот второлигаш се надеваат на добар резултат во Скопје а тоа непоразени да се вратат дома и полека да прибираат бодови за мирна зимска пауза.
Двојки од 13-тото коло:
„Скопје“ – „Осогово“
„Детонит Плачковица“ – „Охрид“
„Кожуф“ – „Каменица Саса“
„Караорман“ – „Новаци“
„Вардар“ (Н) – „Беласица“
„Аресими“ – „Победа“
„Пелистер“ – „Башкими“
„Беса“ – „Тетекс“
Натпреварите запонуваат во 13:00 часот.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ