На гостувањето во Охрид во рамките на 3-тото коло во Втората Фудбалска Лига играчите на „Осогово“ го доживеаја првиот пораз во годинешното првенство. „Жетварите“ кои дојдоа во Охрид без бело знаме добро го одиграа првоо полувреме но во вториот дел им дозволија на домачините на двапати да ја затресат мрежата на немоќниот Јованоски.
Се играше 55’ кога беше досуден слободен удар за домачините по левата страна, на нафрлената топка натрча Каланоски и го смени правецот и топката отседна во мрежата на немоќниот Јованоски. Конечниот резултат беше поставен во 84’. Глигоров доби топка на триесеттина метри од голот на гостите, помина неколку играчи и од работ на шеснаесетникот упати удар по земја, топката некако отскокна и на изненадување на гостинскиот голман заврши во мрежата. Се на се натпревар во кој, кога се ќе се земе победата на домаќините е заслужена.
Резултати од 3-тото коло:
Охрид – Осогово 2:0
Новаци – Вардар (Н) 3:2
Каменица Саса – Кожуф 1:3
Преспа – Победа 5:0
Скопје – Шкендија (А) 2:2
Големо Коњари – Беласица 1:7
Детонит Плачковица = Слога 1934 1:0
Брегалница – Тетекс (натпреварот се игра во Понеделник)
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ