Се одиграа натпреварите од 29-тото претпоследно коло во Втора Фудбалска Лига. На врвот на табелата незивесноста ќе потрае се до последното коло а додека во зоната за испаѓање се е познато, „Вардарски“ и „Борец“ го напуштаат второлигашкото друштво а „Осогово“ шансата за опстанок во Втората Фудбалска Лига ќе ја бара во бараж натпреварите.
Екипата а „Каменица Саса“ продолжува да биде нерешлива еникма за кочанчани. Денес во Македонска Каменица домаќиното заслужено дојде до три бода на натпреварот против „жетварите“. Совладувајќи ги со 1:0 (1:0). Стрелец на единствениот погодок во 15’ беше Махир Ајрули.
Дерби натпреварот помеѓу водечките две екипи заврши со нанепопуларниот резултат што го искористи екипата на „Башкими“ која со трите освоени бода се искачи на втората позиција.
„Брегалница“ до бодовите стигна длабоко во судиското надопонување, а во Струмиа победник немаше.
„Вардар“ рутинирано славеше против „фенерџијата“ како гостин, а „Новаци“ си поигра со „Скопје“. „Победа“ како домаќин не реализираше пенал во судиското надополнување и остана со празни раце под „Марковите кули“ во дуелот против „Кожуф“.
Резултати од 29-тото коло
Каменица Саса – Осогово 1:0
Аресими – Македонија ГП 0:0
Башкими – Детонит Плачковица 3:2
Беласица – Борец 1:1
Новаци – Скопје 4:0
Охрид – Брегалница 0:1
Победа – Кожуф 1:2
Вардарски – Вардар 0:3
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ