Уште две седмици па ќе запомнат натпреварите во Втора Фудбалска Лига за натпреварувачката 2023/2024 година.
Според она што го најави ФФМ во Петок ќе биде извлечени броевите на 16-те екипи по што ќе се дознае кој со кого ќе игра во првото коло а потоа и ќе го има распоредот за целото првенство.
„Осогово“ по една година пауза пак се врати во второлигашкото друштво и таман во година на прослава на „Еден век постоење“ љубителите на фудбалот во „градот на оризот“ ќе гледаат второлигашки натпревари.
Амбициите на „жетварите“ се дека главна цел е средина на табелата и опстанок во лигата но дали до тоа ќе дојде зависи од многу фактори.
Иако се најавуваа големи засилувања до сега речиси ништо од тоа. Од новоангажираните играчи четворица кои на некој начин се повратници во „Осогово“ веќе добија зелено светло од Комисијата за регистрации при ФФМ со право на настап. Драган Паунов, Борче Ужевски, Славче Митовски и Ѓорги Јованоски се регистрираните играчи со право на настап. Кои се следните на таа листа што се најавува дека ќе биде зголемена ќе дознаеме набргу.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ