КЈП “Водовод” Кочани ја известува јавноста дека започнува реконструкција на водоводна линија на улица “Гоце Делчев” во должина од 270 метри на пвц цевка со 200 од 16 бари.
Градежните активности ќе се одвиваат во текот на наредните денови.
Улицата “Гоце Делчев” ќе биде со регулиран режим на движење поради изведувањето на градежните активности.
КЈП “Водовод” – Кочани упатува апел до граѓаните за внимателно возење и прилагодување на брзината на условите на патот, а особено околу местата каде ќе се одвиваат градежни активности!
КЈП „Водовод“
Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ