ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЕНЗИОНЕРИ ОД КОЧАНИ ОДБЕЛЕЖА 51 ГОДИНА ПОСТОРЊЕ

ноември 19, 2023
0 min read

Со годишен концерт и со свеченост што се одржа во ресторанот „Амор“ Здружението на пензионери од Кочани одбележа 51 година од основањето  и активно делување.

На концертот што се одржа во ЦК „Бели Мугри“  со свои точки се претставија пензионерите од  Прилеп, Кавадарци, Куманово, Лесковац, Р. Србија и домаќините Здружението на пензионери од Кочани.

Присутните гости ги поздрави претседателката  на ЗП Кочани Јелица Зафирова која зборуваше за активностите на здружението и за сегашните и идни планови. Пред присутните зборуваше и градоначалникот Љупчо Папазов, кој истакна дека и до сега и понатаму ќе ги поддржува пенизонерите во своите активности.

ЗП Кочани на 16 ноември пред точно 51 година во далечната 1972 година беше регистрирано како здружение. Од тогаш па наваму пензионерите членови на здружението активно работат и се надоградуваат во секое поле. Во изминатите години тие покажаа дека и во поодминати години можат да бидат активни на секое поле и да водат исполнет живот, да дадат свој придонес за промоција на спортот и здравите навики во рамки на секојдневното живеење.

ЗП Кочани е едно од постарите и поактивните здруженија во републиката и со своите активности во изминативе децении работи и на подобрување на статусот на пензионерите, нивна социјализација и меѓусебна комуникација , организирање на настани и ревии и други активности, а здружението редовно учествува и на спортски натпревари од каде што се враќа со освоени високи награди и признанија.

На заедничка дружба продолжија во ресторан „Амор“ каде што за музичкиот дел и забавата се погрижија „Маестро Бенд“ од Кочани.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ