Следбениците и поддржуваните на ликот и делото на Маршалот на некогашна Југославија Јосип Броз Тито, Здружението на граѓани „Јосип Броз Тито“ од Кочани со положување на свежо цвеќе на бистите на Раде Кратовче и Љупчо Сантов, како и на споменикот на Никола Карев, поставени во „Паркот на Револуцијата“ го започнаа обележувањето на еден од најголемите Македонски празници „11 Октомври“.
Како едни од најголемите подржувачи и чувари на историјата делегацијата единствена од сите присутни положи цвеќе на двата споменика.
С. Ивановски