Уште една лоша игра, уште еден лоѓ резултат за играчите на „Осогово“ на денешниот натпревар во Македонска Каменица. Пред натпреварот ветуваа борба и резултат со кој ќе запловат во мирни води, но со денешната игра „Осогово“ влезе во разбрането море кое може да го однесе на дното.
Жолто сините започнаа агресивно но само по петнаесетина минути подзастанаа па иницијативата помина на страна на „рударите“. Во натпревар кој не обилуваше со посериозни шанси за гол „Каменица Саса“ поведе. Се играше 39’ кога капитенот на домаќините Дарко Алексовски прекрасно го изведе слободниот удар и мрежата на гостите се заниша. Во второто полувреме домаќините љубоморно го чуваа водството и својата шанса ја чекаа од некој нов кикс на кочанчани. Во 74’ домаќините изведоа корнер по кој топката неколкупати се одбиваше во гостинскиот шеснаесетник за да на крајот дојде до Кристијан Таневски кој ја упати зад грбот на гостинскиот голман Ѓорѓи Јованоски.
Конечниот резултат беше поставен во 90’+3 кога резервистот Филип Јованов прекрасно го изведе слободниот удар и го ублажи поразот.
Се на се натпревар кој бргу ќе се заборави а победата на домаќините е потполно заслужена.
Резултати од 23-тото коло:
„Каменица Саса“ – „Осогово“ 2:1
„Аресими“ – „Охрид“ 0:0
„Скопје“ – „Пелистер“ 0:1
„Вардар“ (Н) – „Беса“ 0:1
„Караорман“ – „Тетекс“ 1:4
„Кожуф“ – „Башкими“ 2:0
„Детонит Плачковица“ – „Победа“ 1:1
„Новаци“ – „Беласица“ 1:3
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ