ЖИТЕЛИ ОД УЛИЦАТА „АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ“ БАРААТ РЕШАВЊЕ НА ПОВЕЌЕГОДИШЕН ПРОБЛЕМ

октомври 19, 2022
1 min read

Жители од улицата „Александар Македонски“ во Кочани испратија допис преку кој сакаат да се изнајде решение за решавање на нивниот повеќегодишен проблем. Во дописот се вели:

„Би сакале да ве замолиме да го објавете овој наш допис. Се работи за проблем на улицата Александар Македонски од некаде бројот 20 до 30 на куќите. Улицата се наоѓа над куќите во ридот. Таа улица има линија на довод на вода кој секојдневно е во дефекти тече вода по патот. Со самото тонење на водата се прават проблеми на самиот пат со тоа што пропаѓа а и праве проблеми со пунење вода во подрумите на куќите под улицата. Исто така таму се движат возила а патот не е бетониран. Со самиот проблем што веќе не е функционална улицата веќе ни комуналното претпријатие Водовод не доаѓа таму за да го збира ѓубрето затоа мораме да ги симнуваме ѓубрето на улицата Јане Сандански. Секои избори даваат ветувања али од промена на водоводна линија и бетонирање на тој дел од патот нема ништо. Се потпишувавме ма списоци за тој дел од патот али тоа не е решено едно 5-6 години. Со самото тонење на водата на улицата доле има големи пукнатини што кажува дека е сериозен проблемот. Ви пишуваме бидејќи се надеваме дека институциите ќе го прочитаат ова и ќе реагираат“.

Жители од улицата

Александар Македонски во Кочани