ЖИТЕЛИТЕ ОД УЛИЦАТА „ИЛИНДЕНСКА“ БАРААТ ДЕЛА А НЕ САМО ФОТОГРАФИРАЊЕ

март 22, 2026
0 минути

На жителите од улицата „Илинденска“ во Кочани веќе им се преку глава предизборните ветувања. Како што истакнуваат пред секои избори им се ветува дека проблемот со нивната улица ќе биде во следниот пакет за реновирање, но штом завршат изборите улицата се става во заборав. На барање на жителите од улицата „Илинденска“ во Кочани  каде што живее со години дел од еснафот на Кочани ги посетивме за да се увериме на самото место во каква состојба е самата улица.

„Ве поканивме да дојдете бидејќи освен вашиот портал и порталот Гласно друг медиум никогаш нема објавено за нашите проблеми со улицата.. Во секоја изборна кампања нашата улица е во програмите на партиите, но штом завршат изборите тие ќе се настрват по селата и населбите а иако нашата улица е во речиси централното градско подрачје таа се заборава. На сегашниот градоначалник како и на претходните би му порачале дека доста е фотографирање, тој тоа ќе го има и понатака но сега е време за дела а делата го красат човекот. Го покануваме јавно тој и дел од неговите вработени да ја посетат улицата и да се уверат во она што со години го пријавуваме. Проблемот е наш, но тој е и на семејните домови што се на другата улица подолу. По врнежите од дожд водата си наоѓа пат, оди надолу и им прави влага на фасадите и а и на некои внатрешни ѕидови. Очекуваме лично дека ќе бидеме удостоени со посета од градоначалникот и дека ќе се реши овој наш проблем конечно, во спротивно би размислувале и на други чекори, со покана на медиуми од други општини за да и тие ја пренесат нашата мака“ беше дел од изјавата на жителите од улицата „Илинденска“ во Кочани.

Не само овие наши сограѓани, туку сите останати ги охрабруваме да ни пишуваат и со фотографии да го поткрепат напишаното за проблемите со кои се соочуваат, бидејќи ако денес се остави за утре брзо ќе се заборави.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ