Раскопана улица па привремено закрпена со бетон или асфалт, улица обрасната со трева, улица како да е од 19-штиот а не од 21-виот век. Вака некако би се коментирале фотографиите кои ни ги испратија жители од улицата „Илинденска“ во Кочани. Но текстот кој во прилог на фотографиите ни го испратија ви го пренесуваме во целост.
„И ние сме жители на општина Кочани, и ние имаме право да бараме нормални услови за живеење. Еве дојдете и уверете се на самото место доколку мислите дека овие фотографии што ви ги испраќаме не се од улицата Илинденска која е во централното градско подрачје. Улицата како ќе се ископа за отстранување на некој дефект, привремено ќе се потрупа и до ден денешен ќе се остави во состојба каква што се гледа на фотографиите. Ајде што не се заинтересирани да ни ја вратат улицата во состојба каква што беше пред раскопувањето ама и никаде ги нема да ја средат нејзината околина. А ние жителите посебно од број 22 до 44 мака мачиме секојдневно гледајќи ја улицата во каква состојба е з сите давачки си ги регулираме кон општината. Рано ви е за избори за да дојдете и да ветувате нејзино санирање, затоа сега е време да се фатите со работа и да ја средите улицата или во спотивно да не ни доставувате додатни давачи за да плаќаме на општината. Ова наше барање сфатете го најсериозно бидејќи вакво нешто во 21 век во центарот на градот никад на друго место не може да се замисли“.
Се надеваме дека овој допис ќе биде прочитан од надлежните и дека ќе се преземат мерки и оваа улица да се среди бидејќи сликата од фотографиите навистина е грда,
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ