Во организација на СКБ „Стоев Тим“ – Благоевград (Бугарија) денес во Благоевград се организираше „Благотворителен турнир“ во борење – слободен стил кој воедно има и меѓународен карактер.
Целта а истовремено и задача на овој турнир е да се популаризира спортот во Бугарија и да се помогне на децата од нерамноправна (социјално загрозена) положба.

БК „Спартак“ од Кочани на турнирот учествуваше со двајца борачи кои освоија два медала.
Златниот медал го освои Филип Ангелов во категоријата до 80 килограми, додека сребрениот го освои Славица Митева во категорија до 50 килограми.
Екипата во својство на тренер ја предводеше Гоце Ангелов.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
