Денес стручните екипи на КЈП “Водовод” Кочани по претходно утврдената динамика и извршени подготвителни работи поставија длабински пумпен агрегат.
Во врска со поставувањето на пумпниот агрегат беа направени дополнителни градежни зафати, односно со специјализирано возило за разбивање на наслаги и вшмукување на отпаден материјал беше извршено целосно чистење на површината каде беше поставен длабинскиот пумпен агрегат.
Станува збор за длабински пумпен агрегат од компанијата Pleuger во вредност од околу 2.000.000 денари, со следните парамтери:
Информации за пумпниот агрегат:
– Пумпа:
- Капацитет Q [ m3/h] 216
Q [ l/sec] 60
– Мотор:
- Моќност PN [kW] 75
- Напон U [V] 400
- Струја I [A] 150
- Фреквенција f [Hz] 50
- Брзина n [min-1] 2865
- Фактор на моќност cosφ [-] 0.850
- Ефикасност ηM [-] 0.840
Целосното ставање во функција на заменската потопна пумпа нема да влијае врз квалитетот на услугите кои КЈП “Водовод” Кочани ги испорачува кон крајните корисници во моментот, а во иднина ќе обезбеди целосно, навремено и квалитетно снабдување со вода до крајните корисници.
КЈП “Водовод” – Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ