ИСЕЧЕНА ЗАШТИТНАТА ОГРАДА НА ДЕЛНИЦА НА КОЈА СЕ ВОЗИ И ПРЕКУ 100 КМ/ЧАС

април 4, 2023
0 min read

Како што ни јавува наш читател заштитната ограда кај „Маџарски ниви“ била исечена а при тоа и рабник (ивичњак) е отстранет.

Претпоставката на нашиот читател е дека некој си отвори простор за полесно да стигнува до целта, па ги замолува надлежните да интервенираат и да ја санираат штетата бидејќи како што спомнува на тој дел се вози и по повеќе од 100 км/час.

Надлежните за одржување на оваа делница се на потег.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ