Се одигра 16-тото вонредно коло во Прва Фудбалска Лига за жени. Фаворитите забележаа победи и состојбата на табелата не претрпе промени.
Девојчињата од „Кочани“ ја пречекаа екипата на „Скопје 2014“. Се покажаа навистина како „вредни“ домаќинки и од скопјанки за гостопримството заработија чиста десетка, „Кочани“ – „Скопје 2014“ 0:10 (0:5). Стрелци на головите за гостинките беа: Рабија Дервиши 15’69’77’, Кристина Крстева 3’, Миа Голевска 25’, Андреа Колевска 27’, Ангела Стојковска 44’, Михаела Додевска 48’, Ева Величковска 83’ и Ева Конева 86’.
Лидерот на табелата „Љуботен“ со доста мака ја совлада екипата на „Деспина“ а „Каменица Саса“ немаше тешка задача против „СЦ Истатов“. „Ас Јунајтед“ славеше над „Речица“ и ја помина екипата на „Тиверија“ на табелата која во ова коло беше слободна. И велешанки мака мачат во првенството, прерпеа пораз како домаќинки од „Шкендија“.
Резултати од 16-тото коло:
„Кочани“ – „Скопје 2014“ 0:10
„Ас Јунајтед“ – „Речица“ 6:2
„Љуботен“ – „Деспина“ 2:1
„Каменица Саса“ – „СЦ Истатов“ 7:0
„Борец“ – „Шкендија“ 0:4
Слободна во ова коло беше екипата на „Тиверија“.
С. Ивановсји
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ