ТРИ ЗЛАТНИ МЕДАЛИ ЗА КАРАТИСТИТЕ НА „КОЧАНИ“ НА „СОЛИДАРНОСТ ОПЕН 2023“

Во Спорт
мај 21, 2023
0 минути

Во организација на Карате Федерацијата на Македонија а со техничка организација на Карате Клуб „Солидарност“ од Скопје, денес во Скопје се одржа 21. Издание на Меѓународниот карате турнир „Солидарност Опен 2023“.

На турнирот на кој настапија околу 600 натпреварувачи Карате Клуб „Кочани“ настапи со пет каратисти кои освоија три златни медали. Јоана Стојчева (категорија 2016 и помлади), Лука Ѓоргиев – помлади кадети (48 килограми) и Наталија Карова – јуниори ( 48 килограми) се носителите на златните медали.

„Нашиот клуб настапи со 5 натпреварувачи и освоивме 3 златни. Јоана Стојчева, Лука Ѓоргиев и Наталија Карова  се освојувачите на медалите.  Од останатите двајца натпреварувачи едниот во борбата за ѕтетото место изгуби со дисквалификација, а другиот иако ја изгуби сепак покажа одлична борба. Јас како тренер без разлика на се задоволен сум од настапот на сите петмина“ беше изјавата на Игор Каров – тренер на Карате Клуб „Кочани“ – Кочани.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ