ЌЕ СЕ ВРАТАТ ЛИ ЦВЕЌИЊАТА НА КЕЈОТ НА РЕКАТА?

мај 23, 2023
0 минути

Навистина „Кочанска река“ е феномен, приказна за себе. Реката сама си го одреди течението, на двете страни од течението природна трева која редовно се одржува, (рака на срце од мостот кај Собранието па до мостот кај Воени отсек) што и дава посебна убавина.

Минатите години и кејот на реката беше прекрасен, посебна убавина и даваа саксиите со цвеќињата кои ги имаше во должина на кејот. За жал денес нема цвеќиња, каде исчезнаа саксиите никој не знае да каже а навистина тие даваа посебен декор на реката.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ