ЗГ “ЈОСИП БРОЗ ТИТО“ ОД КОЧАНИ ГО ОДБЕЛЕЖАА 29-ТИ НОЕМВРИ РОДЕНДЕНОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА

ноември 29, 2021
1 минути

Годините минуваат, навики остануваат па така денес членовите на ЗД „Јосип Броз ТИТО“ од Кочани останаа верни на традицијата, го прославија денешниот ден 29-ти Ноември, роденденот на некогашната држава, Југославија.

Колона од десетина возила украсени со тробојката на Југославија и Македонското знаме продефилираа низ улиците во централното градско подрачје. Сирените од нивните возила го најавија денешниот ден а минувачите кој од почит, кој од радозналост ја следеа колоната и секој со своето видување коментираше.

За потсетување, на денешен ден пред точно Пред 78 години во босанското гратче Јајце во своето обраќање пред присутните делегати водачот на Југославија Маршалот Јосип Броз Тито од  говорницата меѓу другото кажа дека Македонија ќе биде рамноправна Република во склопот на Федерацијата на Југославија и дека народот ќе си зборува на чист македонски јазик, а Македонците како народ ќе бидат рамноправни со останатите народи и народности.

Ден кој осана длабоко врежан во меморијата на повозрасните генерации.

С. Ивановски