КОМУ МУ СМЕТА РАЗУБАВУВАЊЕТО НА ТРГОВСКИОТ ЦЕНТАР?

јуни 24, 2023
0 минути

Сопствениците на угостителскиот објект „Коридор 22“ со брза и ефикасна акција го разубавија делот од северната страна на трговскиот центар.

Имено левата страна од малите скали денес доби нов изглед. Бетонските корита ко кои освен земја немаа ништо друго, денес прекрасно изгледаат.

Обложени со дрво и со украсни насади и лаванда му даваат и те како  поубав лик на овој дел од трговскиот.

Сепак некој се погрижил да ги информира инспекторските служби да дојдат и да проверат дали е дозволено вакво нешто иако сите знаеме што се сé правеше изминатите години по трговскиот центар.

Факт е дека новите насади убаво изгледаат, е  сега колкав ќе им биде векот и до кога вака ќе изгледа убаво времето ќе покаже.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ