ХАВАРИСАНИТЕ И НЕРЕГИСТРИРАНИТЕ ВОЗИЛА ГО УЗУРПИРААТ ПАРКИНГ ПРОСТОРОТ

август 14, 2023
0 минути

Меѓу неколкуте проблеми во градот кочанчани мака мачат со изнаоѓање на слободен простор за паркирање на своите возила.

Кога пред десет години се воведе наплата за паркирање можеби се направи и најголемата грешка бидејќи и оние простори кои се предодредени за паркирање (Градскиот плоштад) до ден денес не се наплаќа за паркираните возила. И не е само тој дел во градот туку ги има повеќе, појдете и уверете се.

Ако се решите токму денес да појдете низ градските улици ќе забележете голем број на хаварисани а и нерегистрирани возила кои со години не се помрднуваат од една точка, стојат паркирани а оние кои имаат потреба од користење паркинг простор мора да вртат и по неколку кругови додека не им исплива среќата и не наидат на слободен простор за паркирање.

Актуелниот градоначалник и неговиот претходник најавуваа дека таквите возила ќе бидат дислоцирани но се остана на најавата. До ден денес ниту едно возило не е дислоцирано а нивните сопственици не се ниту опоменати.

Време е конечно да се реши и овој проблем бидејќи некој и да има потреба да го користи своето возило нема да се нафати на таков чекор бидејќи потоа со часови ќе бара место каде да го паркира.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ