При повлекувањето на машините од коритото на „Кочанска река“ кои изминатите месеци работеа на проектот „Регулација на коритото на дел од „Кочанска река“ направена е штета како на потпорниот ѕид, на патеката за пешачење но и на патеката која од главниот пат води до СРЦ „Бавчалук“.
Тешката механизација оштети дел од патеката и штетата е направена па останува да се види кој ќе ја надомести сето тоа, дали изведувачот или како и многу работи досега се ќе падне на товар на општинскиот буџет.
Како и да е сето ова треба час поскоро да се поправи и да се донесе во првобитната состојба бидејќи сликата е непријатна за гледање.
С. Ивановски