ВМРО ДПМНЕ ЈА ОДРЖА ЈАВНАТА ДЕБАТА „ВАЖНО Е, ОД ТЕБЕ ЗАВИСАТ ПРОМЕНИТЕ“

октомври 4, 2023
1 min read

Вечерва во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани, политичката партија ВМРО ДПМНЕ одржа јавна дебата под мотото „Важно е, од тебе зависат промените“ која е дел од караванот на партијата кој патува низ Македонија.

На дебатата „И Европа и Македонија, за интеграција и идентитет“ пред присутните во „Паркот на револуцијата“ во Кочани зборуваше Проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова.

Во своето Обраќање Силјановска Давкова направи една паралела за измените на Уставот со внесување на амандмани во САД и Македонија. При тоа таа рече дека за близу 250 години (1787 год.) Американскиот устав доживеал 27 амандмани, додека нашиот за три децении 36 амандмани а згора на тоа сега се дебатира за внесување на нови 3 и дека сето тоа е наметнато однадвор.

 

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ