ПРОЕКТ: „АЦО ШОПОВ – ВЕЧЕН ПОЕТ ВО ГРАДОТ ПОД ИСАРОТ“

октомври 24, 2023
1 min read

Денес, 24 октомври (вторник) 2023 г. во 13 ч. и 30 м., во Месецот на книгата, во соработка со НУ Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ – Штип, во ЈОУБ „Искра“ ќе се реализира проектот „Ацо Шопов – вечен поет во градот под Исарот“. Проектот е подржан од Министерството за култура и  е организиран по повод 100 години од раѓањето на Ацо Шопов. На настанот ќе говорат библиотекарите Соња Манева и Тодор Џидров, проф.д-р Јованка Денкова од УГД „Гоце Делчев“ – Штип, ќе биде претставена power point презентацја посветена на поетот, а ќе земаат учество и ученици од СОУ „Ѓошо Викентиев“ – Коќани со ментор проф.д-р Марија Соколова, кои ќе читаат стихови во чест на Ацо Шопов.

ЈОУ Библиотека „Искра“