ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „АЈДЕ ДА ИГРАМЕ ШАХ“

јануари 20, 2024
1 минути

Денеска во библиотека „Искра“ – Кочани се реализираше промоција на првата илустрирана книга за шах со наслов ,,Ајде да играме шах ” од авторот Орце Данчевски, интернационален мајстор во шах и Наташа Данчевска, коавтор и уредник во Издавачката куќа „Икона“.

Настанот се реализираше во соработка со Градскиот Шаховски клуб „Кочани“, пред многубројната публика, меѓу кои беа врвните шахисти на Кочани, Владимир Тркаљанов, Владимир Мицов, Ванчо Стаменков, Ботка Џамова, членови од семејството на Тодор Милосиев -Тошо, Јована Давиткова, талентираните активни средношколци од Младинската организација при СОУ ,,Гошо Викентиев” Кочани, Филип Стојанов и Драган Хаџи Василев и многу други љубители на шаховската игра.

Драматизација на дел од содржините на книгата беше претставена од ученици, членови на библиотеката.

Координатор на настанот, библиотекар советник Магдалена Кочовска Салтирова.

ЈОУБ „Искра“ – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ