На традиционален црковно-народен собир, жителите на Стришанско маало во Кочани денеска го чествуваа верскиот празник посветен на Свети Архангел Михаил.
Пред Стришанска чешма на црковна литургија со која чиненачелствуваше свештеник од кочанското архиерејско намесништво стришанчани ја продолжија децениската традиција на чествување на празникот.
По тој повод беше благословен и пресечен славски колач, а кумството за следната година го презеде Димче Андонов кој како и овогодишниот кум, Влатко Симеонов потекнува од стара стришанска фамилија.
Стришанската чешма е заштитен симбол на маалото што ја претставува сплотеноста на стришанчани кои и годинава во голем број присуствуваа на традиционалниот црковно-народен собир.
Инаку за прв пат ваков собор беше организиран 2010 година само неколку месеци откако „Стришанска чешма“ го доби новиот лик.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ