СЕ ИНСТАЛИРААТ ДВЕ ФОТОВОЛТАИЧНИ ЦЕНТРАЛИ НА КРОВОТ НА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА

јануари 23, 2024
0 минути

Со зголемена динамика се работи на инсталирање на двете фотоволтаични централи со моќност од 440 киловати и 120 киловати на кровот на Пречистителната станица за отпадни води во с. Мојанци во рамки на проектот „Намалување на загубите на вода во водоснабдителниот систем и искористување на соларната енергија во јавното комунално претпријатие во општина Кочани“, за кој е потпишан Договор за грант од Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија.

Вкупната вредност на проектот изнесува 447.872 евра, а грантот е во износ од 223.936 евра, односно 50% од вредноста на проектот. Останатите 50% се кофинасирање од Општина Кочани.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ