„ВАРДАР„ (МАЖИ) И „7-МИ МАЈ“ (ЖЕНИ) ДРЖАВНИ ПРВАЦИ ВО БОРЕЊЕ СЛОБОДЕН СТИЛ ЗА СЕНИОРИ/КИ

Во Спорт
јануари 27, 2024
1 минути

Во организација на Боречката Федерација на Македонија а со техничка организација на БК „Спартак“ денес во Кочани во спортската сала „Сашо Лазарев – Чапо“ се одржа 30-тото „ Државно првенство во борење слободен стил и борење  за жени за сениори/ки 2024“.

На првенството се појавија 88 борачи во машка и женска конкуренција од клубовите: „Спартак“ „Лирија“ (Скопје), „Бучим“ (Радовиш), „Балканец“ (Штип), „Неготино“, „Борец“ (Велес), „Аждер“ (Охрид), „Тефејус“ (Скопје), „Студеничани“, „Конче“ (Радовиш) и „Шкупи“ (Скопје), „7-ми мај“ (Прилеп),

Првенството започна со едноминутно молчење со кое боречките работници му оддадоа почин на некогашниот Селектор и директор на МОК Насе Насев. Што се однесува до самите натпревари, гледачите видоа интересни и преди се возбудливи натпревари а домаќините кои на првенството учествуваа со дванаесет натпреварувачи оставија мошне добар впечаток.

Во машка конкуренција борачите на „Вардар“ покажаа најмногу и сосема заслужено го освоија првото место оставајќи ги зад себе екипите на „Лирија“, „Бучим“, „Балканец“ и „Спартак“.

Во женска конкуренција првото место им припадна на „7-ми Мак“, второпласирана е екипата на „Балканец“ а третото место го зазеде екипата на „Вардар“.

Борачите на „Спартак“ освоија едно прво, едно второ, три трети места и две пети, додека останатите пет натпреварувачи останаа без пласман.

Првото место – Расул Шапиев (79 кгр),

Второ место – Зоран Митев (57 кгр)

Трето место – Дамјан Крстев (57 кгр)

Трето место – Драган Глигоров (57 кгр)

Трето место – Стефан Штерјов (61 кгр)

Петто место – Александар Павлев (70 кгр)

Петто место – Баже Тасевски (61 кгр)

Добар настап но без пласман останаа: Ефтим Стоименов (70 кгр), Петар Иванов (86 кгр),  горан Терзиски (92 кгр), Андреј Петков (97 кгр) и Стефан Миладинов (97 кгр).

Ова првенство покажа дека борењето полека но сигурно се враќа на старите позиции што е плод на систематското работење од сите структури во клубот.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ