ДОПОЛНИТЕЛНАТА МИНИСТЕРКА ЗА ФИНАНСИИ М-Р ЕЛЕНА ПЕТРОВА ВО ПОСЕТА НА КОЧАНИ

февруари 19, 2024
1 минути

Дополнителната министерка за финансии од редовите на ВМРО ДПМНЕ, м-р Елена Петрова по посетата на компании од Источниот регион во Кочани одржа прес конференција на која истакна: „Нашата заложба е да бидеме постојано во отворен контакт со бизнис секторот за да може да креираме економски и даночни мерки и политики, монетарни мерки и мерки во делот на јавните финансии за инвестициски намени, со цел да обезбедиме поддршка на компаниите за да ја зголемат продуктивноста преку модернизација, техничко-технолошки иновации, енергетска ефикасност, зголемување на конкурентноста со излез на странските пазари. Само така ќе ја покренеме македонската економија и ќе обезбедиме одржлив економски раст што е визија на економската платформа на ВМРО-ДПМНЕ“.

Во понатамошното свое обраќање Петрова го истакна и новото задолжување на Владата кое се случило од почетокот на годината заклучно со 15 Февруари а е во износ од 315 милиони евра на домашниот пазар.

„Задолжувањето е поголемо за 281 милион евра повеќе во однос на истиот период минатата година. Во проценти тоа е зголемување околу 840%. Ова задолжување Владата го користеше во најголем дел за финансирање на буџетскиот дефицит што беше генериран во овој период“ рече Петрова.

На крајот ос своето обраќање Министерката м-р Елена Петрова образложи дека Владата потрошила многу повеќе средства отколку што собрала од даноци, придонеси и други приходи со што е генериран буџетскиот дефицит од 208 милиони евра што е двојно поголем од буџетскиот дефицит што бил создаден во минатата година во истиот период.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ