По облачно и ветровито време пред нешто повеќе од стотина гледачи „Осогово“ и „Победа“ одиграа слаб и неинтересен натпревар во рамките на 19. коло од Втора Фудбалска Лига, натпревар што може да го одиграат две екипи и во Детските лиги.
Двете екипи покажаа една под просечна игра во која за деведесет минути плус продолжетоците само гостите беа тие што не реализираа две стопостотни шанси за гол, наспроти домаќините кои немаа упатено речиси ниту еден директен шут кон голот на Антонио Столевски.
Малиот број на гледачи за време на целиот натпревар се нервираа од играта на домаќините бидејќи секој бод е важен во борбата за опстанок, а со ваков индолентен пристап тешко дека ќе се сочува второлигашкиот статус.
Ако на натпреварот со „Тетекс“ „жетварите“ отидоа чекор напред по денешното реми се вратија два чекори назад.
Во наредните две кола „жолто-сините“ ќе имаат две тешки гостувања, во Охрид и Струмица, каде ќе бидат ослабени за Драган Паунов кој на денешниот натпревар во 88’ заработи директен црвен картон.
Но што е тука е.
Резултати од 19-тото коло:
„Осогово“ – „Победа“ 0:0
„Вардар“ (Н) – „Охрид“ 0:1
„Караорман“ – „Скопје“ 0:1
„Кожуф“ – „Аресими“ 0:2
„Детонит Плачковица“ – „Пелистер“ 1:0
„Каменица Саса“ – „Беса“ 0:3
„Новаци“ – „Тетекс“ 1:1
„Беласица“ – „Башкими“ 0:0
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ