Пред многубројната публика своите чувства преточени во стихови од нејзината петта книга, поетската збирка ,,Молк пред стиховите”, ни ги претстави Ирена Блажеска Дончева, родум од Крушево, сега и кочанчанка која живее, твори и го негува македонскиот јазик во Шведска.

Модератор на промоцијата беше Никола Малешевски, промотор на стихозбирката Кристина Ѓорѓиевска Атанасова.

Дел од поетската збирка ни презентираа Лиле Стојменова и Ангела Василкова, а атмосферата ја збогати Евгениј Стоименов Јосифовски со прекрасните музички изведби на гитара.


КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ
