ЗА УТРЕ НАЈАВЕНА ПРОМОЦИЈА НА КНИГА ОД АНА ДЕДОВА

април 14, 2022
1 минути

За утре (Петок) со почеток во 17:00 часот во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани најавена е промоција на најновата книга – збирка на песни „Гласот на мојата душа“ на Ана Дедова..

Ова ќе биде петта книга на Ана Дедова, откако претходно ги објави: „Охридски бисери“ (2012), „Илузија“ (2015), „Твоето ангелско лице“ (2017) и Везот на животот“ (2019).

Еве по три години ќе можеме да ја прочитаме и да уживаме и во петтата книга на Ана Дедова „Гласот на мојата душа“ чик промотор е м-р Љупка Стојменова а модератор Магдалена Кочовска Салтирова.

С.Ивановски