ВО НЕДЕЛА ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО БОРЕЊЕ СЛОБОДЕН СТИЛ ЗА У-15, ПИОНЕРИ И ПИОНЕРКИ

април 19, 2024
1 min read

Во организација на Боречката Федерација на Македонија а со техничка организација на БК „Балканец“ од Штип во Недела (21.04.2024 година) во Спортската сала „Јордан Мијалков“ ќе се одржи годинешното Државно првенство во борење слободен стил за У-15-пионери и пионерки.

БК „Спартак“ од Кочани на првенството ќе настапи со 15 натпреварувачи од кои 13 во машка и 2 во женска конкуренција.

Кочанчани со големи амбиции патуваат за Штип и нахавуваат освојување на шампионската титула.

Во очекување на добри вести од „градот под Исарот“ на кочанските борачи им посакуваме добар ждреб и успешни борби.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ