„ОСОГОВО“ ПРЕД ГОЛЕМ ИСПИТ – ПОБЕДНИК ИЛИ ГУБИТНИК?

април 26, 2024
1 min read

Во Сабота со почеток во 16:00 часот се играат натпреварите од 26-тото коло во Втора Фудбалска Лига.

„Осогово“ е пред можеби најголемиот испит во оваа сезона. Кочанчани ја пречекуваат последнопласираната екипа на „Караорман“ каде ги очекуваат спасоносните бодови. Само со победа „жолто-сините“ остануваат во трката за зачувување на второлигашкиот статус, се освен трите бода за кочанчани ќе значи потоп.

Сепак љубителите на фудбалот во Кочани се надеваат дека „жетварите“ конечно ќе заиграат и дека ќе дојдат до победата која реално живот им значи и дека ќе ги зголемат колку-толку шансите и следната година да се натпреваруваа во второто по ранг фудбалско натпреварување.

Двојки за 26-тото коло:

„Осогово“ – „Караорман“

„Охрид“ – „Каменица Саса“

„Новаци“ – „Детонит Плачковица“

„Беласица“ – „Кожуф“

„Победа“ – „Вардар“ (Н)

„Башкими“ – „Скопје“

„Тетекс“ – „Аресими“

„Беса“ – „Пелистер“

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ